-->
-->
Во Австралија уловена џиновска ајкула долга дури шест метри!
-->
Фотографии од џиновска тигреста ајкула се појавија на социјалните мрежи, а многумина тврдат дека е уловена овој викенд во близина на северниот дел на Нов Јужен Велс во Австралија.
Џеф Брукс објавил две фотографии од ајкулата која е долга дури шест метри на Фејсбук тврдејќи дека е уловена на плажа во близина на Ленокс Хеада.
"Колку што сум запознаен, властите побарале оваа ајкула да биде уловена бидејќи нападнала луѓе во близина на плажата", напишал Брукс.
Во меѓувреме по медиумите во Австралија изјава дал и рибар по име Метју кој тврди дека тој е човекот што ја уловил ајкулата и дека како сувенир зел дел од вилицата. Тој вели дека ајкулата е уловена пред три седмици но и дека во областа каде што ја уловил ајкулата видел и поголеми примероци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж