Свет
21. February 2021 - 9:03

Во Австралија почна кампањата за вакцинација против Ковид-19

Австралија ја почна својата кампања за вакцинација против коронавирусот, при што членовите на владата се меѓу првите кои беа вакцинирани.

Премиерот Скот Морисон прими доза на вакцина Фајзеер/Бионтех во медицинскиот центар во Сиднеј како дел од операцијата за зајакнување на јавната доверба во вакцината.

Сепак, прва на која и се аплицираше инекција беше 80-годишна жена сместена во дом за нега на стари лица.

Австралиската Влада вети дека ќе почне рекламна кампања за да ги охрабри луѓето да се вакцинираат.