Во авионот загина познат бизнисмен, тврдат италијанските медиуми
Нема преживеани при авионската несреќа која попладнево се случи кај Кожле, Велес. Италијанските медиуми пренесуваат дека се работи за четворица Италијанци и за двајца косовски државјани. Неофицијално, меѓу загинатите е и познат странски бизнисмен.
Авионот бил приватен со германски национални ознаки, од типот „Пајпер Па 34-200 Т Сенека“. Полетал од Тревизо, Италија, а крајната дестинација му била Приштина. Над Македонија требало да изврши прелет и бил пријавен на аеродромот „Александар Велики“-Скопје за дополнување гориво.
Авионските експерти претпоставуваат дека на приштинскиот аеродром немало таков тип на гориво каков што користи овој авион, па затоа требало да го надополни резервоарот во Скопје пред да слета во Приштина и се врати во Тревизо.
Исчезнувањето на авионот од радарот денеска попладне во 17.40 часот во МВР го пријавила Контролата на летање на скопскиот аеродром.
На аеродромот во Скопје нема доцнење на летовите, а вработените кои биле на смена во моментот кога исчезнал авионот, веќе ги дале своите изјави на надлежните.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација