Во авион за Скопје патник викал на стјуардесата поради еден сендвич: Глупава к***о!
Еден патник во авион кој летал Лондон - Скопје предизвикал инцидент кога ја нападнал стјуардесата и ја нарекувал со погрдни зборови поради тоа што мислел дека му дала сендвич со свинска шунка.
Инцидентот настанал кога патникот почнал да го јаде сендвичот и помислил дека е свинска шунка.
На амбалажата пишувало дека е од мисирка.
На снимката која ја направил некој од патниците се гледа како стјуардесата му објаснува на патникот дека е од ќурка и дека во сендвичот нема свинско.
"Работам во ресторани, знам што е свинска шунка. Ова има вкус на свинско, не мисирка. Мора да им кажете на луѓето дека служите со свинско. Јас сум муслиман", рекол патникот.
И покрај обидот да му објасни дека не е во право и му понудиле да му ги вратат парите, патникот вербално почнал да ја напаѓа стјуардеста: "Ти си глупава кучка, е***а к***о".
И другите членови од посадата се обиделе да му објаснат на патникот дека шунката не е од свинско, туку од мисирка и дека седвичите не се направени во Македонија, туку во Унгарија, каде што е седиштето на компанијата.
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори