Бизнис
28. јуни 2018 - 20:08

Во август нов договор за субвенционирани летови од македонските аеродроми

Политиката на субвенционирање нискобуџетни компании ја продолжува и оваа Влада. До средината на август ќе се знае која компанија ќе нуди евтини авио летови од земјава во следните три години. Државата ќе ја субвенционира компанијата со 5 милиони евра во наредните три години. За секоја нова дестинација ќе има субвенција од 40.000 евра. Ќе се исплаќа субвенција и за секој заминат патник која за охридскиот аеродорм ќе биде поголема. Токму тоа е разликата на овој повик од претходните два. Сега државата го фаворизира охридскиот аердром. Целта е тој да заживее и по влезот на земјава во ЕУ преку него да се реализираат евтините, а преку скопскиот аеродорм редвоните летови.

Државата ќе субвенционира нискобуџетни авио компании затоа што анализата покажа дека формирањето национален авиопревозик е неисплатливо, а евтините летови досега дале одлични резултати.

Повикот е отворен до 27 јули. Можат да се јават компании кои лани превезме барем 10 милиони патници и имале приход од 25 милиони евра.

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова за Сител телевизија