Македонија
10. October 2016 - 12:43

Во август издадени 249 одобренија за градење

Двесте четириесет и девет одобренија за градење се издадени во август годинава, што е за 20,9 проценти повеќе во однос на август лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најмногу одобренија, 61, се издадени во  Скопскиот регион, по што следат Полошкиот со 44,  Југозападниот со 43, Источниот со 30, ...

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.586.409.000, односно за 28,5 проценти помалку споредено со август минатата година. 

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 151 (60,6 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 32 (12,9 проценти) од нискоградба,  66 (26.5 отсто) за објекти за реконструкција.

Предвидена е изградба на 276 станови со вкупна корисна површина од 27.426 метри квадратни. Најмногу станови, 131, се планирани во Скопскиот регион, 40 во Југозападен, 32 во Полошкиот, 26 во Североисточниот, ...

Од планираните 249 објекти, на 158 (63,5 проценти) инвеститори се физички лица, а на 91 (36,5 проценти) деловни субјекти.