Во август издадени 249 одобренија за градење
Двесте четириесет и девет одобренија за градење се издадени во август годинава, што е за 20,9 проценти повеќе во однос на август лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Најмногу одобренија, 61, се издадени во Скопскиот регион, по што следат Полошкиот со 44, Југозападниот со 43, Источниот со 30, ...
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.586.409.000, односно за 28,5 проценти помалку споредено со август минатата година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 151 (60,6 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 32 (12,9 проценти) од нискоградба, 66 (26.5 отсто) за објекти за реконструкција.
Предвидена е изградба на 276 станови со вкупна корисна површина од 27.426 метри квадратни. Најмногу станови, 131, се планирани во Скопскиот регион, 40 во Југозападен, 32 во Полошкиот, 26 во Североисточниот, ...
Од планираните 249 објекти, на 158 (63,5 проценти) инвеститори се физички лица, а на 91 (36,5 проценти) деловни субјекти.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација