Балкан
18. May 2021 - 19:11

Во атинска населба запленети 40 килограми канабис

За поседување и трговија на дрога уапсени се три лица во атинска населба и  запленети се над 40 килограми канабис, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчката полиција уапсените се двајца грчки и еден странски државјанин, а пронајдени биле 35,5 килограми суров канабис, четири килограми и 665 грама обработен канабис и 10.605 евра.