Балкан
28. September 2016 - 8:48

Во Атина трилатерална енергетска средба на Грција, Кипар и Израел

Министрите за енергетика на Грција, Кипар и Израел денеска во  Атина ќе разговараат за проекти за енергетско поврзување на земјите од источниот дел на Медитеранот, јавуваат грчки медиуми.

Средбата е продолжение на средбата на лидерите на трите земји, Алексис Ципрас, Никос Анастасиадис  и Бенјамин Нетанјаху, која се одржа во јануари, а на која тие се договорија да дадат поттик за плановите за поврзување на енергетските мрежи со цел зајакнување на енергетската безбедност на трите држави и на целиот регион. 

Се очекува на средбата да бидат разгледани плановите за поврзување на електричните мрежи на Кипар со ЕУ преку Грција, за електричната врска меѓу Израел, Кипар и Грција, како и за изградба на гасовод по дното на морето од регионот на југоисточниот Медитеран до Грција, а оттаму до Италија.