Балкан
3. September 2020 - 17:50

Во Атина регистриран земјотрес од 4.3 степени

Земјотрес со јачина од 4.3 степени според Рихтеровата скала беше регистриран попладнево во областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, епицентарот бил 17 километри јужно од предградието Рафина што се наоѓа во источниот дел на Атика, поширокиот дел на Атина.

Земјотресот беше почувствуван по повеќе населби, како и во центарот на Атина.