Во Атина протест на рударите од канадската компанија „Елдорадо Голд“
Речиси 150 рудари од канадската компанија „Елдорадо Голд“ денеска протестираа пред зградата на грчкото Министерство за економија и развој во Атина, откако нивниот работодавач се заканил дека ќе ги прекине инвестициите во Грција.
Грчките рудари скандираа „Сименте ги рацете од рудникот“.
Мала група од нив се судри со грчката полиција и успеаа да влезе во зградата на Министерството. Полицијата употреби солзавец да ги одврати демонстрантите од влезот од институцијата.
Подоцна денеска ќе остварат средба претставници на демонстрантите и грчкиот министер за развој.
Канадската рударска компанија „Елдорадо Голд“, еден од најголемите странски инвеститори во Грција, соопшти во понеделникот дека планира да ги прекине инвестициите во земјата поради одложеното издавање на дозволи и лиценци од страна на грчката Влада.
Компанијата, каде работат над 2.000 лица во Грција, наведе дека прекинувањето на договорот ќе биде извршено во согласност со грчките закони.
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара