Балкан
25. April 2017 - 12:59

Во Атина пронајден човечки скелет во кеса за смет

Човечки скелет во кеса за смет денеска е пронајден покрај контејнер во атинската област Колонос, соопшти локалната полиција.

Во тек е истрага за скелетот, а полициски извори за некои грчки медиуми изјавиле дека „скелетот може да биде резултат на кривично дело или коските можеби биле користени за медицински цели“.

Се очекува обдукцијата да го расветли случајот.