Балкан
17. November 2017 - 23:36

Во Атина одбележана годишнината од студентскиот бунт против хунтата

Илјадници Грци денеска маршираа низ улиците на Атина одбележувајќи ја годишнината од студентскиот бунт во 1973 година, против воената хунта, која тогаш беше на власт во Грција.

Грција марш

Повеќе од 10.000 демонстранти прошетаа до Амбасадата на САД во Атина. Дел од демонстрантите ги обвинуваат САД дека ја поддржувале хунтата.

Грција марш

За безбедноста на маршот беа ангажирани околу 5.000 полицајци.

Претходно, Грците положија цвеќе пред Политехничкиот факултет во Атина, за да им оддадат почит на загинатите за време на бунтот.

Грција марш

По маршот, помали групи демонстранти запалија контејнери и фрлаа камења врз полицајците во близина на Политехничкиот факултет.