Македонија
29. May 2020 - 19:46

Во Апелација продолжи јавната седница по жалбите на осудените за 27 април

Обвинителството и осудените ги соочија аргументите по пресудата за собранискиот упад од 27 април. На јавна седница во апелациониот суд три дена ги бранеа своите жалби. 16-мина осудени на затвор од 7 до 18 години забележаа дека пресудата е паушална и побараа да биде укината.

Митко Пешов:

-обвинителството се обидува да ми припише надлежности кои не ми припаѓаат

Душко Лазаров:

-во пресудата има нејасни и неточни факти за моето дејствување

Се дел од забелешките кои ги изнесоа осудените.

За вишото обвинителство, пресудата од 211 години затвор била прецизна и без недостатоци па побара апелациониот суд да не ги прифати жалбите на осудените.

Од друга страна за неоснована ја смета жалбата на обвинителството за гонење криминал и корпција кое се противи на ослободителната пресуда за Игор Дурловски. Смета оти нема докази дека тој сторил кривично дело на „27 април“.

Во следниот период Апелациониот суд ќе треба да одлучи дали пресудата за 27-ми ќе ја укине и ќе побара повторено судење или ќе ги намали или потврди затворските казни за 16темина.