Балкан
7. December 2017 - 12:19

Во Анкара започна судскиот процес против Селахатин Демирташ

Во Анкара денеска започна судски процес против лидерот на главната курдска партија во Турција, Демократска партија на народите (ХДП), Селахатин Демирташ. 

Демирташ, кој е во притвор од 4 ноември 2016 година, е обвинет за членство во терористичка организација и може да добие затворска казна во траење од 142 години. 

На лидерот на ХДП не му беше дозволено да се појави пред Судот поради безбедноси причина, а тој не прифати да учествува во судењето преку видео конференциска врска. 

Јавното обвинителство инсистира тој да остане во притвор.

Селахатин Демирташ протест

Стотици лица се собраа пред Судот во Анкара за да му дадат поддршка на Демирташ. 

ХДП тврди дека обвиненијата против Демирташ се политичи мотивирани.