-->
-->
Во Анкара направена најголемата баклава на светот
-->
Џиновска баклава од речиси полoвина тон, која беше направена во Анкара, влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Баклавата тежи точно 515 килограми и е двојно поголема од претходниот рекорд. Таа беше направена во тава долга 7,5 метри и широка 2,5 метри, а поделена е на 11.800 парчиња.
- Како што знаете Турците јадат слатко и за раѓање и за умирање... Затоа му порачуваме на целиот свет: „јадете слатко, говорете слатко“, нагласи раководителот на слаткарскиот тим Мехмед Канбур.
Во изработката на овој џиновски десерт учествуваше тим од 14 слаткари од сите делови на Турција, а подготвките траеја шест месеци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште