Балкан
26. April 2016 - 15:38

Во Анкара демонстрации против „верски устав“

Турската полиција употреби солзавец против демонстрантите во Анкара, кои протестираа поради изјавата на претседателот на Парламентот, Исмаил Кахраман дека земјата треба да има „верски устав“.

Полицијата растера група од над сто демонстранти, спречувајќи ги да даваат изјави на новинарите пред Парламентот во Анкара.

Демонстрантите извикува „Турција ќе остане секуларна!“.

Приведени се неколку демонстранти, а слични протести се најавени и во другите градови.