Живот
30. August 2016 - 19:44

Во Америка уапсен Владимир Путин

Полицијата на Флорида го уапси Владимир Путин поради сомневање дека малтретирал вработени во супермаркет.

Човекот со име и презиме како и рускиот претседател е жител на таа сојузна американска држава и нема никаква сличност со „вистинскиот Путин“.

Американската ТВ мрежа Си-Би-Ес објави фотографии од уапсениот американски Владимир Путин на кои се гледа дека е од афроамериканско потекло.

Тој се појави на суд поради обвинувања дека на 21 август вербално нападнал персонал во супермаркет на Флорида и одбивал да ја напушти зградата. 

На социјалните мрежи не им требаше многу за овој настан да го протолкуваат на шеговит начин.