Балкан
3. April 2020 - 17:57

Во Албанија уште една жртва од Ковид-19

Во Албанија регистрирана е уште една жртва од Ковид-19 со што бројот на починатите од овој опасен вирус се зголеми на 17 лица.

„Во Инфективната клиника во Тирана попладнево почина 75-годишен маж. Во клиниката е примен во тешка состојба, бидејќи боледувал и од пост-церебрална хеморагија, дијабет и хипертензија. Пациентот А.Ц.беше тестиран и имаше позитивен резултат на Ковид-19. а неговата здравствена состојба се влоши веднаш, стои во соопштението на Министерството за здравство и социјална заштита.

Министерството изразува длабоко сочувство до семејството на починатиот и го повторува апелот до граѓаните најстрого да ги почитуваат мерките за одржување социјална дистанца и изолација.

Инаку, во последните 24 часа, ново дијагностицирани се 27 со што бројот на заразени со Ковид-19 во Албанија се зголеми на 304 лица,од нив речиси половина или 146 се од Тирана.

Во последните 24 часа излекувани се 13 пациенти,со што бројката се зголеми на 89.