Македонија
28. July 2018 - 11:10

Во Албанија уапсен македонски државјанин поради шверц на оружје

Албанската полиција соопшти дека е уапсен македонски државјанин, со живеалиште во Косово, поради недозволена трговија со оружје и муниција.

Според полициското соопштение, уапсен е И.С (32) родум од Скопје, сега жител на селото Димце, општина Хан Елези, Косово.

- По подолга истрага и следење на осомничени лица членови на криминална група за недозволена трговија на оружје и муниција, финализирана е акцијата „Урака 1“. При контрола на автомобилот марка „алфа ромео“, со скопски регистарски таблички, управувано од лицето И.С. кај градот Прењас, во близина на преминот Ќафасан, откриени се два пиштола и куршуми за нив, стои во полициското соопштение.

Уапсениот И.С. потврдува албанската полиција, оружјето и муницијата нелегално ги внесол од Македонија, со цел во Елбасан да ги продаде по 500 евра за парче (по пиштол).

Тој ќе одговара пред Судот за тешки кривични дела во Тирана за „недозволена трговија со огнено оружје и муниција“. 

Целосниот идентитет му е Илбер Сума.