Балкан
24. January 2021 - 19:22

Во Албанија продолжуваат високите дневни бројки на нови случаи со Ковид-19

Во Албанија и во последното деноноќие регистрирана е висока бројка на нови случаи со Ковид-19, јави дописничката на МИА.

– Во изминатите 24 часа опасниот вирус е дијагностициран кај 833 лица од направените 3.511 тестови, што е 24 отсто од тестираните. И покрај сите апели, продолжува непочитувањето на мерките за заштита, што како последица е континуираниот раст на нови случаи. Зголемен е и бројот хоспитализирани во четирите ковид болници, каде се третираат 286 пациенти, информираше Министерството за здравство.

Се додава дека во исто време во списокот на оздравени се впишани 506 лица, додека починале пет пациенти, од нив еден на 26-годишна возраст.

Според Министерството, до сега направени се 334.798 тестови, позитивен резултат е добиен кај 72.274, оздравеле 43.890, активни на болеста се 27.069, додека почнале 1.315 лица.

Како што претходно изјави министерката за здравство Огерта Манастирлиу според договорот со „Фајзер“, повеќе од 40 илјади дози од анти-ковид вакцината во Албанија ќе пристигнат во текот на следниот месец,

додаде остатокот од вакцините од овој договор или околу 460 илјади дози ќе започнат да пристигнуваат на почетокот на јули и според планот испораката треба да заврши во последното тримесечје од годинава.