Во Албанија Новата година дочекана со празни плоштади и малку огномети
Во многу поинаква атмосфера, како никогаш до сега, Албанија ја дочека Новата 2021 година,но со главна желба на нејзините граѓани засекогаш да замине опасниот коронавирус и жвотот да се врати во нормала.
Новогодшната ноќ мина со полициски час од 20:30 часот, забрана за групирање, затворени угостителски објекти,зголемено присуство на полициски службеници посебно на плоштадите, кои поради огранченото движење беа единствени непосредни сведоци на помали огномети.
Згора на тоа за првпат албанските граѓани што живеат во странство отсуствуваа од празничните трпези кај нивните најблиски. Нивниот поздрав за среќна нова година дојде преку телефон.
Ниту во Тирана, ниту во кој било друг град, граѓаните не излегоа на плоштадот да слават, а мал беше бројот на оние кои уживаа во огномети.
За разлика од другите години кога преминувањето од една во друга година се дочекуваше со музика и илјадници насобрани граѓани, на плоштадот „Скендербег“, и се обраќаше градоначалникот на Тирана,Ерион Велиај, сега честитката тој ја упати од неговиот кабинет, нарекувајќи ја 2021 година како година на преродба и посака благосостојба и среќа.
Честитки по повод Новата година до граѓаните упати и албанскиот државен врв, посакувајќи посреќна и побериќетна година.
Премиерот Еди Рама, по традиција, ги посети двете првородени бебиња и ним и на нивните мајки им посака здравје среќа, доделувајќи и соодветни поклони. Првородените бебиња се женски, родени во првата минута од новата година.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање