Во Албанија невработеноста лани намалена за 0,4 насто
Институтот за статитика на Албанија, ИНСТАТ соопшти дека невработеноста во земјата лани бележи намалување за 0,4 отсто споредено со претходната година.
Во објавениот извештај околу пазарот на трудот за 2015 година,стои дека кај работоспособото население на возраст од 15 до 64 години,нивото на невработеност е 17,5 отсто од 17,9 отсто колку што било во 2014 година.
-Намалување е забележано кај групата невработени на возраст од 30-64 години додека кај младите до 29 години невработеноста пораснала за 0,7 отсто.Нивото на невработеност е повисока кај мажите отколку кај жените,додека лицата кои чекаат работа повеќе од една година претставаат 66 отсто од вкупно пријавените лица како невработени,-пренесува тиранската телевизија Топ-чанел.
За разлика од ИНСТАТ сидиканлните организации наведуваат дека невработеноста е над 35 отсто,бидејќи голем број не се пријавуваат во бидејќи изгубиле надеж дека ќе најдат работа, а немаат право да се пријавуват како невработени и оние кои живеат на село и располагаат со обработливо земјоделско земјиште.
Извештајот на ИНСТАТ потврдува дека во текот на 2015 година бројот на вработените изнесува милион и 87 илјади лица,што е за 4,8 насто поголема бројка споредено со 2014 година.
Ново на Сител
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата
-
ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила
-
Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади
-
Косовско МНР: Ослободен заменик директорот на косовската полиција Јанковиќ кој беше уапсен во Србија