Во Албанија нема заразени од „Ковид-19“
Во Албанија нема потврден случај на „Ковид-19“,рече Еугена Томини раководителката на секторот за епидемиологија во Министерството за здравство.
- Вчера беа тестирани 4 случаи во лабораторијата за вирологија на Инстутот за јавно здравје,кои се покажаа како негативни. Од избувнување на епидемијата во Кина до вчеравечер, тестирани се 17 сомнителни случаи, од нив 8 лица кои пристигнале од Кина,додека 9 од Италија.Сите се негатвни, изјави Томини.
Додаде дека надѕорот на граничните премини во моментот е засилен.
-Засилениот надѕор на сите гранични премини, покажува дека,во последните 24 часа се контролирани и советувани 3.500 лица кои патувале во земји погодени од појава на коронавирус. На меѓународниот аеродром во Тирана се врши мониторинг на температурата за сите патници незвисно од каде доаѓаат, рече Томини.
Таа ја повтори препораката на Министерството граѓаните кои доаѓаат од погодените области самоинцијативно да се ставаат во карантин во период од 14 дена.
Според неа, на овој телефонски број дневно се регистрирани од 1.200 до 1.300 повици.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто