Балкан
24. January 2016 - 11:36

Во Албанија најмногу, во Бугарија - најмалку убиства со огнено оружје од балканските држави

Ако дебатата за оружјето го окупира вниманието на јавноста со секое ново масовно убиство во САД, истото не би можело да се каже за Албанија. Во оваа мала јужноевропски земја со население од 2,8 милиони има 1,5 пати повеќе убиства со огнено оружје, отколку во САД, соопштува сајтот „Франс ТВЕ инфо" (francetvinfo.fr).

Во 2013 година во Албанија имало 5,86 убиства со огнено оружје на 100.000 луѓе наспроти 3,55 во САД. Ова ја прави Албанија првак според овој показател на Балканот, а зад неа е рангирана Црна Гора со 2,13 смртни случаи. Најмалку погодената земја во регионот е Бугарија со 0,64 смртни случаи на 100.000 луѓе, пренесува БТА

Студијата, на кoja се повикува сајтот, е направенa од Институтот кон Вашингтонскиот универзитет во Сиетл, што се занимава со истражување на светското здравје.