Во Албанија годинава десет жени убиени во семејно насилство
Албанскиот парламент со посебна резолуција побара од Владата да преземе итни мерки за надминување на проблемите со семејното насилство, поради
Барањето е поради загрижувачките податоци за состојбата со семејното насилство.
- Според полициската статистика годинава во Албанија како последица на семејно насилство убиени се десет жени, меѓу нв и една судијка во Скадар. Иако бројката на жени кои настрадале оваа година е помала за седум отсто во споредба со минатата година, сепак, состојбата е алармантна, објавија дел од албанските медиуми.
Полицијата потврдува дека секојдневно во земјата се апсат по двајца мажи поради физичко насилство во семејствата, додека секоја трета жена трпи насилство во текот на брачниот живот, а пак 90 отсто од жртвите во сејменото насилство се жени.
Амбасадорката на ЕУ во Тирана, Романа Влахутин, на средба со невладиниот сектор изрази загриженост за растот на оваа негативна појава во албанското општество и ја поддржа резолуцијата на Собранието за преземање итни мерки.
- Жените се највредното богатство кое го има Албанија. Тие се изворедно голем капацитет за Албанија, кој не се користи. Одговорноста паѓа врз државата. Државата треба да обезеди систематско решение за проблемите, изјави Влахутин.
Албанија има 2,9 милиони жители од кои половината се припаднички на понежниот пол.
Ново на Сител
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна