Во Албанија до денеска вакцинирани 13.495 лица, утре пристигнува пратка од 15.000 вакцини од Фајзер
Министерство за здравство на Албанија и социјална заштита информираше дека денеска вакцина против Ковид-19 примиле 1.028 лица, главно здравствени работници, како и постари лица од 80 години.
Според Министертвото досега во земјата со имунизацијата се опфатени 13.495 лица од нив 500 и со втора доза од вакцината.
Утре пристигнува пратка со 15.000 вакцини од компанијата Фајзер, што со претходно добиените станува збор за количина од 31.380 од договорените 500.000 со оваа компанија.
Вакцинацијата почна на 11 јануари со добиените 975 вакцини од ,како што тогаш изјави премиерот Еди Рама, една пријателска земја. Најдоброто сценарио за да се заврши процесот на вакцинација на популацијата постара од 18 години е 14 месеци.
Во меѓувреме продолжува негатвниот тренд на новозразени и починати присутен во текот на целиот месец.
-Во последните 24 часа од направените 3.805 тестови, опасниот вирус е дијагностициран кај 952 што е 25 отсто од тестираните. Во исто време оздравни се 804 додека починале 21 пациент. Во четирите ковид болници во Тирана и трите регонални болници хоспиталзирани се 662 пациенти, од нив 49 на интензивна терапија, додека 14 се интубирани, информира Министерството.
До сега во Албанија направени се 466.785 тестови, позитивен резултат е добиен кај 107.167, оздравеле 69.773, активни на болеста се 35.598 а починале 1.796 лица.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок
-
Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората
-
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
-
Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција
-
Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома
-
Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се води процесот против Трамп
-
Брнабиќ: Седница за измените за локалните избори во понеделник, дел од опозицијата ги поддржа овие измени
-
Санкционирани 179 возачи во Скопје