Во Албанија бројот на заразени од Ковид-19 се зголеми на 223 лица, досега излекувани 44, а умрени 11
Во Албанија бројот на заразени од коронавирусот се зголеми на 223 лица. Досега умрени се 11, а излекувани се 44 лица.
-Во последните 24 часа тестирани се 90 сомнителни случаи при што кај 11 од нив е дијагностициран Ковид -19. До денеска тестирани се вкупно 1.526 сомнителни, од нив позитивни се 223 лица. Утрово, 79-годишен пациент од Тирана, почина на Инфективната клиника, во која беше хоспитализран 18 дена. Состојбата му беше подобрена но почина од срцев удар и тој е 11-та жртва од овој опасен вирус, соопшти Министерството за здравство и социјална заштита.
На Инфективната клиника моментално се наоѓаат 74 пациенти, од нив седум се на интензивна терапија од кои четворица се интубирани. Останатите засега се во стабилна состојба.
Минстертвото упатува апел до граѓани да ги почитуваат мерките и препораките.
„Ве молиме продолжете да седите дома бидејќи ова е единствениот начин на кој можеме да надминеме овој предизвик, апелира министертвото.
Од денеска во Албанија почна да се применува мерката со која на пензионерите,односно повозрасните лица, целосно им се забранува излегување од дома, а од секое семејство со посебна дозвола може да излегува само еден член во набавка на потребните продукти и лекови.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората