Во Албанија 161 новозаразен, оздравени 97, починати три лица
Во Албанија во последното деноноќие повторно висока бројка на новозаразени со Ковид-19, откако од направени 875 тестови позитивен резултат е добиен кај 161 од нив, што е 18,4 отсто од тестираните.
-Од епидемиолошките податоци заразата во последните две недели изнесува 62,9 случаи на 100.000 жители. Споредено со претходните седмици тоа претставува благо намалување, но ова е еден значаен момент да потсетиме дека мерките и протоколите треба и понатаму строго да се почитуваат, бидејќи почетокот на учебната година може да има влијание врз епидемиолошката ситуација, -изјави Гентиана Ќирјако од Институтот за јавно здравје.
Таа додаде дека во последните 24 часа во списокот на закрепнати се впишани уште 97 лица или вкупно 6.443 од вкупно заразените 11.021. Во исто време починале тројца пациенти или 327 до сега.
Активни на болеста се 4.251 лице, од нив 188 се хоспитализирани во двете ковид болници, од нив 21 се на интензивна терапија, додека 7 се интубирани.
Според медиумите расте бројот на заразени меѓу затворениците, но и на оние на кои им е потребно болничко лекување. Во некои медиуми објавени се и фотографии на кои се гледа дека во Инфективната клинка во Тирана е транспортирана затвореничка а затворскиот полицаец носи оружје и заштитна облека.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација