Македонија
21. November 2018 - 13:24

Во акциска контрола на полицијата во Тетово и Гостивар исклучени 11 возила од сообраќај

Од 81 контролирано возила во Тетово и Гостивар, сообраќајната полиција исклучи 11 возила од сообраќај.

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово,Марјан Јосифовски, била извршена контрола на техничка исправност на автобуси и други возила што вршат јавен превоз на патници во период од 9 до 13 часот истовремено во двата полошки града.

Сообраќајците од  50-те контролирани возила на тетовското подрачје, кај шест утврдиле техничка неисправност на сопирачките поради што овие возила веднаш биле исклучени од сообраќај, а на возачите им биле изготвени прекршочни платни налози. Покрај овие во акцијата во тетовско биле откриени и четири возила со неатестирани фолии, пет погрешно паркирани возила, едно со претовар и други прекршоци кои биле заокружени со соодветни поднесоци.

Со гостиварската контрола  вкупно било опфатени 31 возило, претежно автобуси и комбиња, што сообраќаат од и кон околните села во чегранскиот и неготинскиот регион. Од нив четири биле со неисправни сопирачки, едно со истечена регистрација и едно со неизвршен технички преглед. И тука на шестемина возачи-прекршители им биле изготвени прекршочни платни налози додека пет возила веднаш се исклучени од сообраќај.

Согласно Законот за возила за сообраќајните прекршоци забележани вчера во полошко за возачите следуваат глоби од 120 до 400 евра во денарска противвредност зависно од видот и карактерот на констатираните недостатоци.