Балкан
26. May 2018 - 12:10

Во акција на српската и австриската полиција уапсени се 26 лица за шверц на дрога

Во заедничка акција на припадниците на српската и австриската полиција,  уапсени се 26 лица под сомневање за шверц на дрога, соопшти денес српското МВР.

Во акцијата, на територијата на Австрија уапсени се 24 државјани на Србија, еден на Австрија и еден Црна Гора.

Српското МВР , Управата за криминалистичка полиција, Управата за организиран криминал во соработка со полицијата на Австрија, откриле 14 лаборатории за одгледување на марихуана во вештачки услови и заплениле големо количество од овој наркотик.