Балкан
19. October 2016 - 12:23

Во акција на Европол запленети тон кокаин и уапсени над 300 лица

Европол денеска соопшти дека во еднонеделната акција против високо софистицирана меѓународна шверцерска мрежа биле уапсени повеќе од 300 лица и запленети еден тон кокаин.

Операцијата уследила по откривањето лажна туристичка агенција во Грција, што помагала во трговија со луѓе во бордел во Австрија, каде што, меѓу другото, е одгледуван и канабис. Досега се идентификувани преку 500 лица жртви на шверцот со луѓе.

Во соопштението се наведува дека освен неколку источноевропски земји од ЕУ, истрагата е проширена и во 24 земји вон Унијата. Мрежата била раширена и на азискиот и африканскиот континент.

- Земји и организации ширум светот треба да работат заедно како еден субјект, за да дадат современ одговор на организираниот криминал што не познава граници, истакна директорот на Европол, Роб Вејнрајт.