Свет
29. March 2020 - 8:46

Во Африка 2.650 луѓе инфицирани со Ковид-19

Новиот коронавирус се прошири и во десетина земји во Африка, каде се инфицирани 2.650 луѓе, од кои 49 починаа, соопшти Светска здраствена организација (СЗО).

– СЗО  е подготвена да ги поддржи сите држави во борбата против вирусот, изјави генералниот директор на Организацијата, Тедрос Адханом Гебрејесус.

Тој додаде дека државите со послаби здраствени системи мораат агресивно да постапат за да го сузбијат ширењето во почетна фаза и да спречат локална трансмисија на новиот коронавирус.