Свет
17. September 2019 - 11:27

Во 2019 година во 17 региони на Русија откриени терористички ќелии

Од почетокот на годината, Федералната служба за безбедност и полицијата во заеднички операции откриле и оневозможиле терористички ќелии во 17 региони на Русија.

Според првиот човек на Главниот директорат за борба против екстремизмот, Олег Илиних, само оваа година е спречено дејствување на ќелии на Исламската држава забранети во Русија на териториите Краснодар, Ставропол, Краснојарск, Москва, Астрахан, Владимир, Ростов, Самара.

Терористички ќелии се пронајдени и во регионите Сартов, Тимен, Дагестан, Адигеја, Кабардино-Балкарија и Чеченија, Канти-Мансијск, пренесува ТАСС.