Свет
15. February 2017 - 17:51

Во 2016 година Русија регистрирала 70 милиони кибер напади

Во Русија во 2016 година регистирирани се над 70 милиони кибер напади, изјави денеска заменик-секретарот на Рускиот безбедносен совет Олег Крамов.

Тој, на Конференцијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа во Виена, за кибер безбедноста посочи дека кибер нападите во Русија во 2016 година речиси се за трипати зголемени во споредба со 2015 година.

Крамов додаде дека 60 проценти од кибер нападите се од странство.

Русија спречила напади од 1.130 домашни интернет адреси и 500 од странство.