Балкан
29. September 2016 - 14:48

Во 2012 година во Турција починале повеќе од 30 илјади луѓе поради заболувања причинети од загаден воздух

Од заболувања причинети од загадување на воздухот во Турција во 2012 година поччинале 32.668 луѓе, се вели во податоци на Светската здравствена организација.

Најмногу луѓе од тие причини починале во Кина – милион и 32 илјади луѓе.

Според СЗО, во Турција има 44 смртни случаи од загаден воздух на 100 илјади луѓе.

Во анализата на смртните случаи во врска со бројот на населението, првото место го зазема Украина со 120 смртни случаи на 100 илјади луѓе.

По Украина следуваат Бугарија, Белорусија, Русија и Ерменија. Најнизок процент на заболувања поврзани со загаден воздух е регистриран на Соломонските Острови, Микронезија, Кирибати, Брунеи, Фиџи, Австралија и Шведска.