Македонија
13. September 2018 - 8:44

Во 11 сообраќајки вчера во Скопје, полесно повредени 6 лица

На подрачјето на СВР Скопје вчера се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди. Во шест од сообраќајките со полесни повреди се здобиле шест лица, а во пет била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло и пет возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцил за не користење на заштитен шлем

Од сообраќај, биле исклучени вкупно 23 возачи и тоа седум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 13 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи почетници. Исклучени биле и седум нерегистрирани возила. Затекнати биле 32 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 41 возило.

Денеска ќе се одржи и посебна воспитна мерка – сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).