Бизнис
30. January 2018 - 19:39

Вниметелно како се носи законот за минерални суровини - за да не се затворат рудниците и 13.000 рудари да останат без работа

Измениите во законот за минерални суровини биле усогласени со Владата. Затоа пратениците предлагачи сега се изненадени од рекацијата на Министертсвто за економија без чија согласност измените не може да се донесат.  Изненадени се и од реакцијата на комората за рударство затоа што овие измени не се однесуваат на постоечките рудници. Тие ќе продолжат да работат како досега. Измените што ги предложи група пратеници предвидуваат забрана за користење цијанид и сулфурна киселина при експлоатацијата на руда и се однесува на 86 нови рудници кои треба допрва да почнат со работа во земјава.

Комората за рударство вчера регаираше на најавените измени кои според нив ќе значат крај за рударството во земјава. Штетите ги проценија на оклу 3 милијарди евра, а под ризик се работните места на околу 13.000 рудари. Покрај рударството од ваквите измени би настраделе и извозот и вкупната индустрија во земјава. 

Регаираше и Министерствто за економија. „Измените во Предлог-законот се строго поставени, со што сметаме дека во пракса би биле неприменливи. За нив е потребно претходно да биде направена анализа во насока дали има и кои би биле алтернативните начини на екстракција на рудата. Исто така, треба да се направи и истражување во кои се’ индустрии се употребуваат овие супстанци и дали забраната за нивна употреба ќе важи и за нив“, стои во одговорот од Министертсвто за економија. 

Понатаму Министертсвто пишува дека анализата мора да покаже како забраната ќе се одрази на индустриското производство, економскиот раст, а пред се на животот на граѓаните како Радовиш, Македонска Каменица, Пробиштип, Крива Паланка кои живеат главно од рудниците.