Македонија
9. November 2015 - 12:29

Внимавајте што оставете во автомобилите - ограбено возило во Скопје

Во Скопје на бул.„Киро Глигоров“ вчера непознат сторител со кршење на стакло од врата на патничко моторно возило „БМВ“ со словенечки регистерски ознаки  извршил тешка кражба при што одзел торба во која имало лични и службени документи, еден пиштол кој го поседувал со дозвола и еден клуч од возило, по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.