Македонија
8. December 2015 - 8:38

Внимавајте при возењето - Еве каде е намалена видливоста на патиштата поради магла

Магла со видливост од 50 до 200 метри има кај Кула, Велес, Неготино, Скопје,  Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Ресен, Охрид, Македонски Брод, Кочани, Штип и Павлешенци, информира Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.