Свет
27. December 2016 - 10:41

Внимавајте: Ова се 12-те најнесигурни градови во Европа!

Квалитетот на животот во која било земја се доведува во прашање, кога сигурноста на поединецот е во ризик. Без оглед дали се работи за земји со високо ниво на криминал или земји кои се загрозени од терористички напади, „Мерсер“ секоја година го објавува индексот за квалитетот на животот, а исто така и сигурноста во европските градови.

Имено, според внатрешната стабилност, нивото на криминал и полициските или безбедносните сили, „Мерсер“ ја склопи следната листа на најнесигурни градови во Европа:

12. Париз, по низа терористички напади во кои загинаа стотина луѓе

11. Лондон е под будно око на полиција, поради тероризмот

10. Букурешт е на ова место поради ситниот криминал и распространетата корупција

9. Загреб е на листата поради корупцијата

8 и 7. Овие места им припаѓаат Рига и Рим во кои преовладува проституцијата, организираниот криминал, како и заканите за терористички напади

6. Мадрид во кој често има протести поради невработеноста

5. Будимпешта е погодена со миграциската криза, поради што градот често е во хаос

4. Софија, град во кој владее социјалната вознемиреност

3. Атина чии жители живеат во сиромаштво и невработеност, па често има насилни протести, но овде и често поминуваат и мигранти

2. Белград се најде речиси на врвот поради насилните злосторства, митото и корупцијата

1. Киев е најнесигурен град во Европа поради цивилните побуни во односите со Русија. Во Киев често доаѓа до кражби, вандализам, како и насилни протести во кои до сега животот го изгубиле над стотина луѓе.