Внимавајте: Опасен вирус изнудува пари од корисниците
Компијутерите на „Епл“ досега воглавно беа отпорни на вируси и слични проблеми, но овој викенд е забележан првиот напад на „Рансомвер“ врз „Мек“ уред.
„Рансомвер“ „заклучува“ одредени податоци на компијутерот и потоа од корисникот бара да уплати одредена сум пари со цел повторно да му биде овозможен пристап до нив.
Ова е првпат хакерите да успее да упаднат во компијутери на „Епл“, јави „Гардијан“.
„КиРенџер рансомвер“ се инсталира на компијутерите по пат на „Трансмишн Бит Торент“ клиент кој содржи опасна датотека.
Хакерите бараат исплата од 400 долари во „биткоин“ валути, што значително го отежнува нивното наоѓање.
Хакерите со помош на „Рансомвер“ годишно заработуваатпо стотина милиони долари, и тоа од корисниците на „Виндоус“, но игледа дека и корисниците на „Епл“ повеќе не можат да бидат сигурни.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење