Живот
24. October 2017 - 10:58

Внимавајте: Никогаш не го ставајте детето во автомобилот на овој начин

Доаѓа зимата и веќе ги подготвувате зимските јакни за своите деца. Сосема е логично така облечени да ги ставите на седиштето, меѓутоа тоа е најголемата грешка, тврдат научниците.
 
Зимските јакни, особено оние дебелите и со лизгав материјал, се ризични затоа што сигурносните појаси не можат да се затегнат до крај. И покрај тоа што ви изгледа дека добро сте го „врзале“, при судир детето може да излета од седиштето.
 
„Car-crash“ тестирањето со кукли во зимски јакни покажува колку е опасно ова. Без разлика колку добро е затегнат ременот, куклите при судир излетувале од автомобилот.
 
Сето ова го зголемува ризикот од сериозна повреда на главата, вратот, фрактура или смртен случај.