Македонија
29. August 2018 - 15:21

Внимавајте: Фалсификувани пари кружат низ Македонија

Фалсификувани пари кружат низ Македонија. Според информациите на МВР, Ј.Љ.(52) од село Јанчиште, вчера околу 15:30 часот пријавила дека во киоск на улицата „18 Ноември“ во Гостивар влегло непознато машко лице, купило две штеки цигари и платило со банкнота од 100 евра, а таа му вратила 3.300 денари.

Откако лицето го напуштило објектот, Ј.Љ. утврдила дека банкнотата е фалсификувана. 

Се работи на расчистување на случајот.