Внимавајте ако летувате во оваа соседна земја, крадат автомобили, меѓу оштетените и македонски државјанин
Кражбите на автомобили во зоната на плажи во албанскиот прстанишен град Драч, станува загрижувачка појава, за оние кои одлучиле летниот одмор да го минат токму во овој град.
Оваа констатација ја пренесува тиранската телевизија Топ чанел, посочувајќи дека се украдени пет автомобили ,меѓу нив еден сопственост на македонски државјанин.
Бујар е Албанец од Македонија. Автомобилот на неговиот татко е украден од пред зградата каде што бил сместен, наведува телевизијата.
- Во 10 часот наутро констатиравме дека возилото не е тука. Случајот го пријавивме во полицијата, но немаме никаква повратна информација. Од крадците на автомобилот нема никаква трага бидејќи на плажите и пошироката околина нема камери и полицијата вели дека нема што да прави, вели Бујар.
Станува збор за автомобили марка „БМВ“ и „Мерцедес“.Оштетените се жалат дека полицијата недоволно се ангажира за решавање на проблемот.
Украдените возила, според телевизјата, откако ќе им се смени бројот на шасија, се препродаваат во некоја земја од регионот или завршуваат за размена во многуте сервиси кои постојат во земјата.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот