Македонија
29. December 2019 - 8:05

Внимателно возете - влажни коловози на повисоките места

Сообраќајот на државнита патишта се одвива по влажни коловози на повисоките места во северозападните, западните и југозападните делови од државата. Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Маврово каде наместа има остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на планинските превои Стража и Плетвар, но не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2019 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.