Македонија
28. February 2020 - 8:26

Внимателно возете, снег на Стража и Маврово, забрана за камиони

Сообраќајот на државните патишта се одвива, по наместа влажни коловози.

Поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на патниот правец Р1107 Ново Лагово – Витолишта од 26.02.2020 г. се одвива наизменично, по една коловозна лента поради изведување на градежни работи на пат (гребење на асфалт), во времетраење од 60 дена. На самото место на изведување на градежните работи поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 31.01.2020 г. Започна изведувањето градежни активности при поставување на канделабри (електрично осветлување) на магистрален пат А1 патен правец Велес – Неготино, клучка Велес -Југ во времетраење од 30 (триесет) дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.