Македонија
17. October 2018 - 8:24

Внимателно во тунел 1 – Демир Капија, ќе се санира дефект на опрема

Во периодот од 23:00 до 00:00 часот вечер ќе се извршува санирање на дефект на дел од опремата инсталирана во тунел 1 - Демир Капија, правец: Гевгелија – Скопје, соопшти ЈП „Македонија пат“.

Поради овие причини едната сообраќајна лента во тунелот ќе биде затворена во наведениот период. Во овој период брзината во тунелот ќе биде ограничена на 40 километри на час и сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента.