Македонија
8. April 2019 - 8:23

Внимателно во сообраќајот, коловозите се влажни

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

На 04.04.2019 година поради оштетување на мостот во с.Ваташа на регионалниот пат Кавадарци – с.Мрежичко воведена е забрана за ТМВ.

 Aвтопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2018 е затворен за сообраќај за сите видови возила. Се очекува да биде отворен на 01.05.2019 год.