Македонија
25. September 2017 - 9:03

Внимателно на патиштата: Сообраќајот низ државата пo влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците, како што соопшти, можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.  

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е намален, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.